Тотнем конечно го одбра наследникот на Антонио Конте, Анге Постекоглу е нов тренер на „спарси“.
57 годишниот стратег, кој ќе биде првиот Австралиец тренер во Премиерлигата, доби долгогодишен договор и се обврза на дури четири години.
Првиот човек на клубот, Даниел Леви рече: „Анге носи позитивен менталитет и брз, офанзивен фудбал. Има одлично резиме кога е во прашање развој на фудбалери и добро разбира каква е важноста на академијата и поврзаноста со првиот тим, работи кои се многу важни во овој клуб. Задоволни сме што Анге ни се придружи и почнуваме да се подготвуваме за новата сезона“.
We are delighted to announce the appointment of Ange Postecoglou as our new Head Coach on a four-year contract ?
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 6, 2023