сабота, 27 јули 2024

Првата пратка хуманитарна помош за Појасот Газа пристигна преку американското пристаниште (ФОТО+ВИДЕО)

Првата пратка хуманитарна помош пристигна денеска преку пловечкото пристаниште изградено од американската војска во близина на Појасот Газа, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Првата пратка хуманитарна помош пристигна денеска преку пловечкото пристаниште изградено од американската војска во близина на Појасот Газа, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

„Денеска околу 9 часот (по локално време), камионите со хуманитарна помош почнаа да се движат кон брегот преку привременото пристаниште во Газа. Ниеден војник не стапна на копното во Газа“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ на мрежата Икс.

„Ова е тековен, мултинационален напор за доставување дополнителна помош за палестинските цивили во Газа преку поморски коридор кој е целосно хуманитарен по природа и ќе вклучува помош донирана од бројни земји и хуманитарни организации“, се додава во соопштението.

Пристаништето беше закотвено на плажата во Газа вчера и ќе се користи за испраќање помош од различни земји во Појасот Газа, додека сите гранични премини со енклавата се затворени.

Привременото пристаниште треба да служи како центар за испорака на помош бидејќи самата Газа нема доволно длабоко пристаниште за поголеми товарни бродови.

Пентагон претходно објави дека првично околу 90 возила дневно ќе пристигнуваат во Газа преку пловечкото пристаниште. Подоцна тоа ќе се зголеми на 150 возила дневно.

Недостигот на основни потреби доведе до хуманитарна криза во Појасот Газа по седум месеци војна меѓу Израел и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ