понеделник, 10 март 2025

Првата ХД-снимка од Месечината покажува неверојатно слетување на летало (ВИДЕО)

Во 1969 година НАСА го емитуваше во живо на телевизија слетувањето на Месечината, поставувајќи робусна ТВ-камера на Аполо 11 и насочувајќи ја кон скалите – што од денешен аспект е доказ колку многу се променила технологијата за 55 години.

Објавено на

часот

Сподели

Инженерите на Фаерфлај аероспејс минатата недела навиваа додека нивното лунарно вселенско летало Блу гоуст слетуваше – што е првпат приватна компанија да го стори тоа.

Три дена подоцна, компанијата со седиште во Тексас објави неверојатно ХД-видео од своето достигнување.

Блу гоуст имаше камери прикачени на секоја негова страна за да го сними секој агол на спуштањето.

Тимот во контролата на мисијата ги идентификуваше опасностите од површината и избра безбедно место за слетување. Потоа, Блу гоуст слета директно над целта во басенот Маре Крисиум.

„Имаме месечева прашина на чизмите!“, напиша Фаерфлај во соопштението.

Мисијата 1 на Блу гоуст на Фаерфлај, наречена Духови јавачи на небото (Ghost Riders in the Sky), беше лансирана од атмосферата на Земјата кон орбитата со ракета на Спејсекс на 15 јануари.

Успеа да стигне до Месечината во рок од 45 дена користејќи батерии на соларна енергија, пред тивко да ја допре карпестата површина и да стане првото комерцијално вселенско летало во историјата што постигнало целосно успешно слетување на Месечината.

Лендерот постави 10 научни и технолошки инструменти на површината, вклучувајќи и вежба во која ќе се обиде да ископа 3 метри за да ја измери температурата.

Еве го видеото од СИ-би-ес њуз – како и последното спуштање од Фаерфлај…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ