сабота, 27 јули 2024

Првата дама на Украина бара од Гугл контролиран пристап до интернет за својот народ

Сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска се сретна со претставници на компанијата Гугл и им изнесе четири барања на украинските власти, барајќи меѓу другото контролиран пристап до интернет за жителите на Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Две барања се чисто политички на режимот во Киев – Крим на мапите на Гугл да биде прикажан како територија на Украина, и да се истакне дека Украина географски не припаѓа на земјите од Заедницата на независни држави. Меѓутоа, другите две барања директно се однесуваат на укинување на основното човеково право на слободен пристап до информациите.

Зеленска побара да се „дерусифицираат“ резултатите и предлозите на пребарувањата на Гугл и Јутјуб како и да се укине автоматското прикажување на содржините на руски јазик за корисниците од Украина и украинските ИП адреси.

Во праска тоа би значело дека компанијата мора да вклучи посебни алгоритми кои на украинските корисници на интернет ќе им понудат исклучиво западни и украински ресурси, целосно ограничувајќи им го пристапот до други извори на информации. Според неофицијални информации, такви алгоритми и сега функционираат, но по барањето на Зеленска веројатно ќе бидат засилени.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова се осврна на оваа вест и праша дали можеби првата дама на Украина побарала француската марка за луксузен накит, кожна галантерија и часовници, славниот Картие, да се означи како украински?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ