петок, 18 октомври 2024
Ла Лига

Прва титула во Ла Лига за Чави како тренер, Барса по 24 години е шампион без Меси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона се врати на тронот во Ла Лига, по три сезони пост, „каталонците“ сега на четири кола пред крајот ја обезбедија титулата во Ла Лига.

Со триумф од 2-4 во градското дерби против Еспањол, избраниците на Чави го обезбедија трофејот број 27 во клупската историја.

По десетина минути игра, Левандовски го отвори резултат, Балде зголеми на 0-2, а пред крајот на првиот дел, Левандовски реализираше по втор пат за 0-3.

Кунде на почетокот од вториот дел донесе 0-4, а до крајот на натпреварот домаќините успеаја да го ублажат поразот преку Пуадо и Хоселу.

За Барса ова е прва титула во Ла Лига без Лео Меси во тимот, последен пат без Аргентинецот во тимот, „каталонците“ беа шампиони во сезоната 1998/99.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ