понеделник, 21 октомври 2024
Конференциска лига

Прва победа на Струга ТЛ во Европа, триумф над Будуќност

Објавено на

часот

Сподели

Струга ТЛ победи со 1-0, но можеше тоа да го направи и поубедливо. Македонскиот шампион создаде доволно шанси за да триумфира со повеќе разлика, но не успеа да погоди барем уште еднаш.

Клучниот момент се случи во 30. минута кога по асистенција од Радески, Бесарт Ибраими погоди за победа од 1-0.

Ибраими пропушти уште неколку добри шанси, а не реализираа ниту Радески и Шабани. Во вториот дел Струга го намали темпото, Црногорците конечно воспоставија некоја рамнотежа.

Струга победи со 1-0, но гостите треба да бидат посреќни по овој меч бидејќи ќе имаат само еден негатива за реваншот.

Победникот од овој двомеч во шампионската група во Конференциската лига оди во третото коло против подобриот од дуелот ТНС-Есперанж (1-1 по првиот меч).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ