недела, 27 октомври 2024

Прв уписен рок на Универзитетот во Тетово од понеделник до петок

Објавено на

часот

Сподели

„Универзитетот во Тетово за учебната 2023/24 година предвидува запишување нови студенти во 13-те академски единици што ги има. Сите административни служби ќе бидат ангажирани во периодот на пријавување за непречено одвивање и олеснување на административните процедури за кандидатите кои ќе конкурираат на различни студиски програми“, информираат од Универзитетот.

За одредени категории и студиски програми потоа на 2 септември следува проверка на знаења, додека прелиминарни резултати ќе има на 4 септември. Објавување на конечната одлука за прием ќе биде на 5 септември.

„Онлајн пријавувањето се врши и во неработни денови, додека доставување до администрација и запишување на кандидатите на 5,6,7 и 11 септември“, информираат од универзитетот.

Во конкурсот се наведува дека по пријавувањето онлајн, во нивната е-пошта, кандидатите добиваат потврда и линк за активирање на профилот на апликантот, од каде што ги следат сите фази на преглед на документи, рангирање, резултати и регистрација. Профилот на апликантот може да се користи и за апликација во вториот или третиот рок.

„При пополнувањето на формуларот, кандидатите документите треба да ги прикачат (атачираат скенирани или како слика) оригинални свидетелства од сите класови од средно образование, диплома за завршено средно образование, извод од матичната книга на родените, државјанство и потврда за уплатени 1.050 денари на жиро-сметката на Универзитетот на име на административни трошоци и 600 денари дополнителни трошоци за секој предмет кој е наведен во прилог листата 1“, пишува во конкурсот.

Втор уписен рок ќе има од 13 до 15 септември, а трет уписен рок на 25 и 26 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ