сабота, 21 декември 2024
Имаат различни гледишта за трансфер активностите

Прв судир помеѓу Чави и Деко, спортскиот директор смета дека Барса прави голема грешка

Објавено на

часот

Сподели

Деко минатата недела беше промовиран како нов спортски директор на Барселона и веќе се говори за неговиот прв судир со тренерот Чави.

Еден од приоритетите на „каталонците“ ова лето е ангажман на нов десен бек, а Чави и Деко имале различни имиња на ум.

Спортскиот директор сметал дека треба да се ангажира талентираниот Иван Фреснеда од Ваљадолид, додека пак тренерот инсистирал на пристигнување на докажано име како Жоао Кансело од Манчестер Сити.

Чави ја добил оваа битка и Португалецот е пред преселба во Барса, се очекува во следните денови да пристигне и официјална потврда за трансферот.

Деко пак смета дека е направена голема грешка, очекува Иван Фреснеда да блесне, неговата цена дополнително да порасне во следните години и Барса повеќе да нема шанси да го купи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ