недела, 12 јануари 2025

Прв состанок на Националниот совет за ИГУ – безбедносно координирање со соседите и ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

 

Спасовски на седницатга информирал дека станува збор за  системски мониторинг и координација на имплементацијата на Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025 и соодветниот Акциски план и говорел за предизвиците во областа на интегрираното гранично управување и преземањето конкретни мерки поврзани со стратегијата и планот од кои дел се финански, но и координирање со соседните земји и со други координативни тела во регионот.
ик
„Националната стратегија за Интегрираното гранично управување 2021-2025 и Акцискиот план се изготвени од страна на Министерството за внатрешни работи – гранична полиција, во соработка со Националниот координативен центар за гранично управување, Министерството за финансии – Царинска управа и останатите надлежни институции вклучени во националниот систем за интегрирано гранично управување”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека овие стратешки документи се усогласени со постоечката национална стратегиска рамка и основните стратегиски документи, со акцент на Програмата за работа на Владата 2021-2024 и се во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија.

На состанокот одржан во Владата, со кој претседавал Спасовски, говорел и Владимир Пивоваров кој е национален координатор за гранично управување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ