Џордан Парлор е осуден на 20 месеци затвор откако ја признал вината за објавување содржина поврзана со говор на омраза. Овој 28-годишник на почетокот на август на Фејсбук напишал: „Треба да се искрши сè во хотелот Британија“. Во друг пост напишал, мислејќи на мигрантите: „Живеат на сметка на даноците кои ги плаќаат вредните луѓе. Доаѓаат тука без работна виза, ништо не работат. Седат и спијат“.
In August 1992 German neo-Nazis set fire to an apartment block in Rostock, Germany, in bid to drive asylum seekers out (right)
In August 2024 British racists set fire to a hotel in Rotherham in bid to drive migrants out (left)
Appalling pic.twitter.com/gNW0iwJwRD
— Nick Lowles (@lowles_nick) August 4, 2024
Парлор бил уапсен откако ги напишал постовите на Фејсбук во кои заговарал насилство против мигрантите во хотелот Британија. Во него во тоа време престојувале 210 мигранти, а управителот го заклучил објектот откако луѓето со камења ги искршиле прозорците.
What happened yesterday in Hull was repeated today in Birmingham. England, United Kingdom is indeed seeing the worst riots that are not stopping now.#BREAKING #TwoTeirKeir #Newsnight #London pic.twitter.com/E81PaniSKv
— Target Reporter (@Target_Reporter) August 5, 2024
Парлор за време на немирите имал проблеми со ногата и постовите ги пишувал од дома, и не учествувал во насилството. „На социјалните мрежи сте поттикнувале други да го нападнат хотелот. Првиот пост добил шест лајка, но го виделе 1.500 ваши пријатели на Фејсбук и можел да се споделува“, кажал судијата Гај Керл.
How is this England right now 😔 #riots #liverpool #hull #bristol #nottingham #manchester pic.twitter.com/auO1gvfrci
— Imogen Rose • (@imogenrose) August 3, 2024
Славни Американци, како милијардерот Илон Маск и десничарскиот водител Џо Роган, ја критикуваа британската полиција бидејќи ги цели демонстрантите на социјалните мрежи. Роган кажа дека британската репресија го потсетува на Советскиот Сојуз.