сабота, 27 јули 2024

Прв случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, различен сој од оној во САД

Птичји грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, објави денеска австралиското Министерство за земјоделство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Голем број живина умрела на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Одделот за земјоделство на Австралија соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.

„Од прелиминарните резултати знаеме дека ова не е истиот сој како оној што е пријавен во странство, вклучувајќи ги САД и Антарктикот“, се вели во соопштението.

Кинеските власти во саботата објавија дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип кај популација на диви птици на западот на земјата, а во исто време во САД се зголемува загриженоста за ширењето на оваа заразна болест кај добитокот.

Надлежниот американски оддел во саботата објави дека добил извештај за случаи на зараза во Кина, а Центарот за контрола на болести на животните и Националната референтна лабораторија потврдија дека се работи за птичји грип и дека избувнување на вирусот Х5Н1 меѓу млечните говеда беше пријавено од крајот на март во најмалку девет американски држави.

Во Австралија досега нема пријавени случаи на вирусот Х5Н1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ