Македонија беше одлична во првото полувреме, имавме предност од два гола разлика, водевме со 6-4 и имавме шанси да го зголемиме водството на три позитива, но следуваше период на Французите кои заминаа на одморот со два позитива, 12-10.
Во вториот дел француските ракометари покажаа дека сепак се поквалитетни, се одлепија и на крајот дојдоа до триумф од 25-18.
Со по три гола беа најефикасни Белистојановски, Стојановски, Калајџиески и Митев. Голманот Брестовац собра шест одбрани.
И покрај поразот Македонија ќе се бори за позициите од 9 до 12 на ЕП.