петок, 26 јули 2024

Прв пораз на Трамп на прелиминарните избори, Хејли убедливо победи во Вашингтон

Поранешната американска амбасадорка во ОН Ники Хејли ја постигна својата прва победа над поранешниот американски претседател Доналд Трамп на републиканските претседателски прелиминарни избори во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хејли победи со 62,86 отсто од гласовите наспроти 33,22 отсто на Трамп, објави доцна синоќа Републиканската партија ДК. Гласаа вкупно 2.035 републиканци.

Со ова Ники Хејли е првата жена која победила на некои републикански прелиминарни избори во историјата на САД. Хејли, која е поумерена од Трамп, сè уште се смета дека има мали шанси на крајот да го совлада поранешниот претседател за да ја обезбеди републиканската номинација.

Трамп досега победи на сите прелиминарни избори, вклучувајќи ја и родната држава на Хејли, Јужна Каролина. Речиси е сигурно дека ќе му се спротивстави на претседателот Џо Бајден на претседателските избори во ноември, а победата на Ники Хејли во Вашингтон ќе остане симболична.

Пред прелиминарните избори во Вашингтон, Трамп веќе собра 244 делегати наспроти 24 на Хејли. Нејзината победа во главниот град ќе додаде само 19 делегати на нејзиниот вкупен број. Сепак, Хејли останува во трката барем до натпреварот „Супер вторник“ на 5 март, кога ќе гласаат 15 држави и една територија, Американска Самоа.

Вашингтон е урбана област, со релативно висок процент на жители со високо образование, додека базите на Трамп се рурални области со послабо образовано население. Во главниот град на САД има само 23.000 регистрирани републиканци.

Портпаролката на кампањата на Ники Хејли, Оливија Перез-Кубас, рече дека „не е изненадувачки што републиканците кои се најблиску до дисфункционалноста на Вашингтон да го отфрлаат Доналд Трамп и целиот негов хаос“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ