Македонските ракометари покажаа голема борбеност против Холандија, но играта не беше на нивото од дуелот против Унгарија, направивме 14 грешки, имавме еден пад во првото полувреме кој на крајот се покажа и како клучен.
Холанѓаните можеби имаа ветар во грб од судиите кои досудија дури 12 пенали за нив, Петар Атанасијевиќ и Милан Лазаревски добија црвени картони, а имавме и повеќе исклучувања.
Натпреварот беше изедначено, двете селекции се менуваа во водство, беше 13-12 за нас кога почна црниот период во кој осум минути не постигнавме гол. Во тој период Холандија направи серија од 5-0 и поведе со 17-13. На полувремето Холанѓаните имаа предност од 18-15.
Во второто полувреме неколкупати дојдовме до два гола разлика, но не успеавме ништо повеќе од тоа. Холанѓаните имаа помош и од данските судии кои со своите одлуки го навлегоа гневот на македонската публика. Свирнаа дури 12 пенали за нашиот противник. Конечниот резултат беше 37-32.
Најефикасен во нашиот состав беше Кузмановски со девет голови, шест постигна Серафимов. Митревски имаше осум одбрани, Кизиќ фати една топка. Најмногу голови за Холандија даде Тен Велде, дури 11.
Следен меч на Македонија е во недела против селекцијата на Гвинеја, дуелот го играме од 18 часот.