петок, 18 октомври 2024

Прв доберман-клуб во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

 

Неодамна е регистриран првиот доберман-клуб во Македонија, со следниве цели и задачи: популаризирање, развој и унапредување на кучињата од расата доберман во Македонија, подигнување на кинолошката култура, генерално унапредување на кинологијата, организирање на специјализирани изложби од расата доберман,во екстериер и работа од државен и меѓународен карактер и други кинолошки манифестации во согласност со Статутот и другите акти на КСМ.
Освен тоа, клубот ќе изработува родовници и пренос на сопственост на кучињата од расата доберман, ќе води основна евиденција на кучињата од расата, но и ќе им дава стручна помош и совети на своите членови за правилно купување, одгледување, исхрана, парење и заштита и превенција од болести на расни кучиња.
Во Македонија постојат повеќе одгледувачници што активно работат на усовршување на оваа раса, а исто така и активно земаат учество во најзначајните специјализирани изложби за оваа раса, каде што Македонија има големи успеси.

 

Еден од најуспешните мажјаци од Македонија, може да се пофали со титулите европски јуниор-победник 2010, најдобар јуниор мажјак на Еуро дог-шоу 2010, трет во јуниор класата на Ворлд дог шоу 2009 и финалист на ИДЦ 2010 (Олимпијада за оваа раса).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ