сабота, 27 јули 2024

Прв базар на мали еколошки бизниси

Во организација на здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена за стандардните производи кои секојдневно се користат и подигнување на еколошката свест и позитивното влијание што овие бизниси го имаат.

„Ова не е само обичен базар, туку и можност за дружба и запознавање со еко заедницата која, освен поединци, вклучува и над 30 бизниси, од кои 20-тина ќе бидат присутни на базарот. Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, облека од втора рака и природни материјали, житни цевки за пијалаци, освежувачи за простории од кора од портокал се само дел од македонските иновативни и еколошки производи кои ќе може да ги најдете на базарот“, велат од здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ – Скопје.

Освен базарот, за сопствениците на бизнисите ќе биде одржана и работилница на тема „Еколошки бизниси: комуникација и пристап до потрошувачите”.  

Предавач и водич ќе биде Игор Мишевски – претприемач, инвеститор, експерт за развој на пазарни системи и основач на Импакт Фондација, а целта на работилницата е сопствениците да ги подобрат продажните вештини со што би можеле да допрат до што повеќе луѓе. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ