сабота, 27 јули 2024

Против грчки Ираклис почнува новата скопска хокеј-приказна

Објавено на

часот

Сподели

Ново натпреварување за собирање нови хокеј-искуства

Станува збор за проект на четири екипи од исто толку земји каде што хокејот е на дното од листата на популарни спортови. Покрај Скопје и Ираклис во новоформираната лига ќе настапуваат уште и тимовите на Ред стар од бугарската престолнина Софија, како и сараевска Босна. Според плановите, лигата ќе се игра според турнирски принцип, а домаќин на првите два собири, овој и следниот викенд, е македонскиот претставник. Утре и задутре ќе се игра на теренот што се наоѓа во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ на пластична подлога, додека следната сабота и недела ќе се игра на вистинска ледена подлога, и тоа на лизгалиштето во СРЦ „Кале“.

„Желбата ни е да го популаризираме хокејот кај нас, поради што и се нафативме да учествуваме во оваа лига. Имаме солидна генерација хокеари, кои допрва ќе навлегуваат во убавините на овој спорт. Можноста да играат со екипи што се со приближен квалитет на нивниот ќе биде од непроценлива важност на младите хокеари“, ни изјави Томислав Атанасовски, спортски директор во Хокејската федерација на Македонија (ХКМ).

Екипата на Скопје на мечевите од регионалната лига ќе ја има помошта и од двајца странски хокеари. Станува збор за еден американски и еден турски играч, чие искуство ќе биде од огромна помош на младите хокеари на Скопје.

На првиот турнир од ова натпреварување ќе присуствува и Словенецот Матијаш Жарги, кој е претседател на Балканската хокејска федерација, а е и важен член и во европската и во светската организација во хокеј на мраз.

„Присуството на Жарги е од исклучителна важност за нас. Тој треба да види со каква инфраструктура располагаме и каков е интересот за хокејот кај нас. Ако даде позитивно мислење тогаш ќе може да почнеме да добиваме помош од европските и светски организации што ќе биде драгоцено за нас. Пред сè мислам на опрема, која е навистина скапа.“, дополнува Атанасовски.

И.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ