сабота, 27 јули 2024

Протестот на петте универзитети е дневна политика пред избори, вели премиерот Џафери

Потпишувањето на колективните договори со петте универзитети не е прашање на тоа дали сакате или не сакате туку Изборниот законик не го дозволува тоа во овој момент, изјави на денеска на прес конференција премиерот Тала Џафери откако пет универзитети протестираа и побараа потпишување на поединечни колективни договори по теркот на УКИМ од Скопје. Прашан што ќе стори Владата во врска со иницијативата на ДКСК за одговорност на раководството на Фондот за иновации за кои постојат сомнежи дека незаконски му дале пари на внукот на Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Џафери рече дека Владата не е надлежна за тоаи дека не е добро да коментира за да не се сфати дека се меша во работата на независна институција. За четирите закони од областа на енергетиката меѓу кои и оној за Митилинеос, Џафери призна дека во Владата не биле едногласни во врска со тоа прашање но што ќе се случи со нив зависи од Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Објаснувајќи ги фактографски случувањата со брањата на петте универзитети, Џафери рече дека секој има право на протест и на штрајк, но дека решението ќе мора да се бара по изборите.

„Решението е да се чека да завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат да е после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави тоа. Во време на избори не може, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што сите имаа примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот што им го дадов уште кога беа кај мене, процедурата може да заврши побрзо“, рече Џафери.

Вели дека вработените на овие универзитети не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.

„Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на општи синдикати. Како се дискриминирани? Зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да го направат тоа“, рече Џафери.

Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

„Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот Свети Кирил и Методиј го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и одредби кои ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец“, истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети Гоце Делчев- Штип, Св. Климент Охридски – Битола, Државен Универзитет во Тетово, Св. Апостол Павле и Мајка Тереза во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на УКИМ, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Прашан што ќе стори Владата во врска со иницијативата на ДКСК за одговорност на раководството на Фондот за иновации за кои постојат сомнежи дека незаконски му дале пари на внукот на Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Џафери рече дека Владата не е надлежна за тоаи дека не е добро да коментира за да не се сфати дека се меша во работата на независна институција.

За четирите закони од областа на енергетиката меѓу кои и оној за Митилинеос, Џафери призна дека во Владата не биле едногласни во врска со тоа прашање но што ќе се случи со нив зависи од Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ