сабота, 27 јули 2024

Протест за 50:50 родителство после разводот

Во Скопје денеска се одржа мирен протест со барање за измени на законот по разводот старателство да имаат подеднакво двајцата родители.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓанските организации реагираат дека иако родителите се договорат за заедничко старателство, нашиот закон не го предвидува тоа, па така, постои поделба на родителите – на старател, кој има целосни родителски права и родител во отсуство, кој практично нема право врз развојот на детето.

„Бракот престанува, родителствот не!“, „Родител, не банкомат!“, „За децата се работи“, „Постои бивш сопруг/сопруга, бившо дете не“ беа само дел од транспарентите кои денеска беа истакнати на протестот одржан пред зградата на Владата, а кој беше организиран од  Здружението на родители Наши.

„На децата им требаат двајцата родители и дискриминирачки е еден од нив да има повеќе права од другиот при развод. Поради тоа, бараме итно носење на нов Закон за семејство, кој гарантира 50:50 родителство“, велат од здружението.

Поборниците за еднакви родителски права велат дека група професори веќе имаат подготвено нов предлог закон, но тој се уште бил далеку од собраниска процедура.

Закон за семејство е донесен во 1992 година и до денес нема претрпено измени во однос на вршењето на родителското право, за разлика од останатите држави во регионот.

„Ние сакаме да го спречиме овој тренд, детето да не го губи сопствениот родител без потреба. Ако има добра причина едниот родител да не го гледа детето, тоа да го прави судот, а не центарот за социјални работи како што е сега. Јас можам да дадам изјава против жената и центарот постапува само по таа изјава“, рекоа од зружението „Наши“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ