„Нападите против Бугарите станаа десетици, а позадината на тоа е долготрајната репресија врз нив во Северна Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија“, велат организаторите на настанот. Правда за Бекир, бараа демонстрантите, јави Новини.бг.
За нас нема дилема дека Македонија е бугарска, рече европратеникот Ангел Џамбаски.
„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за Северна Македонија е навредлива за Бугарија и е голем неуспех на бугарската дипломатија. Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија“, рече Џамбаски.