сабота, 27 јули 2024

Протест во Приштина по сомнеж во силување малолетничка

Десетици граѓани протестираа на 14 март во Приштина, барајќи безбедност и правда за девојките и жените, по сомнежот дека малолетно девојче било силувано неколку дена претходно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите маршираа на плоштадот Захир Пајазити во главниот град на Косово, држејќи плакати со пораки „Безбедност за жените“, „Доле патријархатот“, „Жени, револт“ и „Правда за жените“.

Протестот го организираше Колективот за феминистичка мисла и акција.

Основниот суд во Пеќ потврди на 13 март дека две лица се уапсени и осудени на едномесечен притвор како осомничени за силување тринаесетгодишно девојче во Глоговац.

Косовската полиција во дневниот извештај од 11 март наведе дека го истражува случајот кој го опиша како „исчезнување жртва“.

„Пријавено е дека жртвата ја напуштила куќата и дека нејзината локација е непозната. Истражната едница на 11.3.2024 година околу 00: 50 ја лоцирала жртвата која ја следеле двајцата осомничени мажи. Случајот се истражува“, се наведува во извештајот.

Мрежата жени на Косово (КВРК) ги повика властите преку социјалните мрежи да ги изнесат осомничените пред правдата.

КВРК бара од институциите, особено од обвинителството во Пеќ, да спроведат сериозна истрага за прекршокот и да направат обвинение за прекршителите да ја добијат заслужената казна, соопшти оваа мрежа.

Мрежата додаде дека „силувањето девојки и жени во нашето општество станува една од главните грижи, поради што сите мораме да го кренеме гласот, постојано и без компромиси“.

На Косово, според податоците на полицијата, секоја година се пријавуваат десетици случаи на сексуално насилство.

КВРК соопшти дека најголемиот број жртви на ова насилство се девојчиња од 13 до 16 години.

Кривичниот закон на Косово предвидува казни од две до 15 години затвор за силување и други сексуални напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ