сабота, 27 јули 2024

Протест во Белград поради ослободувачката пресуда за убиството на новинарот Ќурувија

Со кренати огледала за правосудството да може да го види „сопствениот одраз“, денес се собраа граѓани пред Апелацискиот суд во Белград кој ги ослободи четворицата обвинети за убиството на новинарот Славко Ќурувија на 11 април 1999.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Присутните 25 минути стоеја во тишина за „25 долги години“ чекање правда.

На бело знаме беше испишано „Ја убивте правдата, но вистината живее“.

„Ги нема веќе тие зборови кои можеме да ги упатиме, затоа донесовме едно бело знаме да им го предадеме на правосудството и државата Србија“, порача Ивана Стевановиќ од Фондацијата „Славко Ќурувија“.

На протестот повикаа новинарските здруженија, медиумските асоцијации и синдикатите.

Апелацискиот суд во Белград објави на 2 февруари дека ја сменил првостепената пресуда на Специјалниот оддел за организиран криминал на Вишиот суд во Белград и ги ослободил четворицата осомничени за убиството на новинарот Славко Ќурувија на 11 април 1999 – Радомир Марковиќ, Милан Радоњиќ, Ратко Ромиќ и Мирослав Курак.

Претходно припадниците на некогашниот Ресор за државна безбедност Специјален оддел за организиран криминал два пати ги прогласи за виновни и ги осуди на вкупно 100 години затвор.

Новинарот и сопственик на весниците Дневни телеграф и Европљанин беше убиен во 1999 година во Светогорска улица во Белград со повеќе истрели, а за тоа убиство во 2015 беа обвинети тогашниот началник на Државна безбедност Радомир Марковиќ и тројцата високи функционери на ДБ Радоњиќ, Ромиќ и неговиот кум Курак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ