вторник, 5 ноември 2024

Протест пред српската влада: „Ова е капката што ја прелеа чашата“ (ФОТО+ВИДЕО)

Протестот пред зградата на српската влада во центарот на Белград денеска се одржа и заврши со изјава дека од вторник Нови Сад ќе командува со Србија. Имено, во тој град утре е закажан голем протест поради смртта на 14 лица при уривањето на стреата на новообновената Железничка станица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите, под мотото „Ова е капката што ја прелеа чашата“, пред зградата на српската влада извикуваа „Оставка“, „Предавство“, „Робија“, „Ав, ав“, чекајќи го Никола Ристиќ од групата Свиќе, кој им се обрати откако беше пуштен од притвор.

Тој денеска беше однесен од полицијата, во пресрет на протестот пред старата зграда на Железничката станица, закажан поради трагедијата во Нови Сад.

Фото: ЕПА

Пред влезот на зградата, каде што беа распоредени голем број полицајци, како и на самата зграда, активистите оставаа црвени отпечатоци од раце, како симболичен показател за одговорноста на властите за трагедијата.

Ристиќ рече дека фокусот не треба да биде на неговото апсење, поради објавата со која повика на денешниот протест, туку на барањето оставки поради трагедијата во Нови Сад.

„Нови Сад е точката од каде што мора да пукне, доста ни е од крв. Порака до властите, ако ја избришете оваа црвена трага (со боја), ќе ги има уште. Ќе ги оставаме на секое ќоше во градовите за властите да не можат да ја негираат својата одговорност“, рече Ристиќ.

Тој нагласи дека од вторник Нови Сад командува со Србија.

Откако се собраа пред зградата на Владата, активистите беа повикани да се упатат кон Стариот савски мост, каде што граѓаните веќе неколку дена и ноќи се обидуваат да го заштитат од уривање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ