петок, 18 октомври 2024

Протест на лицата со дијабетес вечер ќе има, вели Велев и очекува писмено известување од ветувањата на Меџити

Објавено на

часот

Сподели

„Јас и секретарот на Сојузот на здруженија на дијабетичари сме задоволни од она што го слушнавме денеска на средбата со министерот, но важно е се што беше ветено да ни го пратат на електронска адреса писмено и потпишано од министерот и тогаш сите ќе бидеме презадоволни“, потенцира Велев за МИА.

Потврди дека лицата со дијабетес вечер ќе протестираат пред Министерството за здравство, но не ја отфрли можноста за, како што рече, „протестот да премине во прослава“.

Тој посочи дека доколку се реализира се што било кажано на средбата, тогаш нивните основни барања ќе бидат остварени.

„Му кажавме на министерот дека дојдовме да разговараме за аптеките да бидат полни и снабдени за секој пациент што ќе дојде да си го земе тоа што му треба. Нашиот протест е за тоа, не е за друго. Нашиот протест не е со политички барања, не е со флоскули, туку е реален живот, за здравјето на граѓаните“, додаде Велев.

Министерството за здравство побара разбирање од пациентите за оваа состојба која вети дека во брзо време ќе биде надмината, а министерот Фатмир Меџити истакна дека по преземање на функцијата максимални ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ