среда, 22 јануари 2025

Протест на Анима мунди во Струмица со тврдење дека се убиваат кучиња во стационарот Лана

Пред зградата на Општина Струмица денеска во организација на Анима мунди се одржа протест поради, како што беше речено, нехуман третман на бездомните кучиња во стационарот Лана и нивно убивање и фрлае во јами, за што, рекоа, веќе имаат пласирано докази преку социјалните мрежи. Од Општината наведуваат дека тврдењата е не се точни и дека се еутанизираат само болни кучиња од лишманија кои се предаваат на комунално претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислевте дека ќе отворите стационар во некоја недојјдија и дека животните ќе бидат невидливи и заборавени од сите! Не ви е гајле ниту за граѓаните и нивната безбедност, а животот на кучињата го множите со нула – вредноста им е само онолку колку што пари може да се уновчат со фактурирање наводни стерилизации, вакцини и тестирања, пред да завршат на депонија! Се убиваат животни, а правно се гонат активисти за да се заплашат, затоа што целиот државен систем кој е корумпиран до недоглед!

Во 21 век е недопустливо да се применуваат дивјачки методи и да се биде рамнодушен на убивање. Наша морална должност е да се бориме за оние кои не можат да се заштитат и одбранат сами. Луѓето и животните коегзистираат, а кучињата од чувари на нашите домови, до безусловни пријатели се тука крај нас откако постои човештвото. Масовно убивање на животните, нивно труење, застрелување, повредување е безумие, апсурд и кривично дело.
Илузорно е некого да повикуваме на совест, правичност и свест, доколку ја нема. Затоа за ова што се случува бараме кривична одговорност и најстроги казни!
Благодарност до сите кои го подржуваат овој протест. Ова е наша морална и општествена одговорност зошто одбиваме да живееме во држава која молчи над примитивизам, насилство, убивање на човековиот најверен пријател.
Граѓаните на овој град и држава, особено оние на кои кучињата им пречат, се плашат, не ги сакаат од која и да е причина треба да знаат дека токму активистите, љубителите на животни се оние кои единствено И ВОЛОНТЕРСКИ придонесуваат да се намали нивната бројка, преку вдомување, стерилизација на маалските миленици и нивна здравствена заштита, промоција на одговорно сопствеништво.
Бараме:
1. Итен прекин на убивањето во ЈП Лана, раскинување на договорор за работа со ветеринарите кои се ангажирани во ЈП Лана
2. Влез на активистите за заштита на животни во ЈП Лана, како овластено тело за надзор на спроведувањето на Програмата на претпријатието, тело кое ќе гарантира доследно спроведување на чекорите утврдени со Програмата (залови, стерилизирај, вакцинирај, ВРАТИ) што наложува масовна стерилизација и враќање на кучињата од заловните територии – а не масовно убивање на животните!
3. Отпуштање/замена на дел од вработените во стацинарот и вработување на луѓе кои се хумани, неподложни на корупција и веќе докажани активисти.
4. Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња
5. Забрана за заловување на мали кутриња во ЈП Лана, кои никако не можат да бидат стерилизирани и не се предмет на програмата. Посочуваме дека носејќи ги во стационарот, 90% од заловените мали кучиња умираат од изгладнетост, епидемии, негрижа, смрзнување, умираат во агонија и бавна смрт!
6. Овозможување да граѓаните си ги повлекуваат локалните (колективно чувани) миленици од стационарот и нивно враќање на територијата на која биле заловени
7. Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на сите наши пријави и конечно изрече соодветни казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните“, се вели во соотението на Анима мунди издадено по протестот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ