недела, 3 март 2024

Протечен документ открива 4 сценарија за војната во Украина: ако умре Путин, ако умре Зеленски…

Објавено на

часот

Сподели

Во анализата спомената во текстот, која е класифицирана како „тајна“, се разгледуваат најекстремните сценарија и како тие би влијаеле на развојот на настаните во конфликтот во Украина.

Хипотетичките сценарија вклучуваат смрт на претседателите Владимир В. Путин од Русија и Володимир Зеленски од Украина, смена на раководството во руските вооружени сили и украински напад врз Кремљ, вели Њујорк тајмс.

Едно од четирите хипотетички сценарија покажува што може да се случи ако Украина го нападне Кремљ. Идентификуван е широк опсег на потенцијални последици. Настанот може да доведе до ескалација, при што Путин на негодувањето на јавноста може да одговори со покренување целосна воена мобилизација и размислување за употреба на тактичко нуклеарно оружје. Или, пак, стравот кај јавноста може да го натера да преговара за решавање на војната.

Во анализата се наведува дека ликот на Зеленски како претседател е клучот за „внатрешната и надворешната поддршка“ за акциите на украинските власти од Западот.

Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, за медиумите изјави дека истекувањето информации од Пентагон „не треба да ги поткопува односите на Украина со западните земји“. Тој ги нарече обелоденетите документи „нормална анализа“ и истакна дека тие не менуваат ниту еден од плановите на Киев.

Подољак појасни дека некои информации од „тајните документи“ воопшто не се тајни, како на пример, информациите за недостигот од системи за противвоздушна одбрана во Украина.Во документот се вели дека војната најверојатно ќе остане долготрајна. Но тој опишува како секое џокер-сценарио може потенцијално да резултира со ескалација во Украина, крај на конфликтот преку преговори или немање суштинско влијание врз траекторијата на војната.

Документот со сценаријата е прилично вообичаен производ на разузнавачките агенции, вели Њујорк тајмс. Тој е дизајниран да им помогне на воените офицери, политичарите или парламентарците да размислуваат за можните исходи од големите настани додека ги проценуваат своите опции.

Американските власти предупредија дека протечените документи се со различни датуми и дека во многу случаи не ги претставуваат тековните проценки на различни разузнавачки агенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ