сабота, 27 јули 2024

Протече радиоактивна вода во Фукушима

Протекување на радиоактивна вода било откриено вчера во нуклеарната централа Фукушима Даичи во североисточна Јапонија, но не се откриени траги на контаминација надвор од локацијата, соопшти денес за Франс прес операторот на централата Тепко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова истекување од приближно 5.500 литри во централата сериозно оштетена во 2011 година се случило пред водата да се прочисти со системот наречен АЛПС, кој ја ослободува водата собрана во централата од повеќето нејзини радиоактивни материи, објасни портпаролката на Тепко.

Протекувањето било сопрено дваесетина минути откако било откриено.

Таа вода би можела да содржи радиоактивни изотопи како цезиум 137 и стронциум 90, соопшти портпаролката додавајќи дека управата на централата планира да ја отстрани почвата контаминирана со истекувањето.

„Нема значителни промени“ во податоците на следењето на радиактивноста околу централата, истакна таа.

Нуклеарната централа Фукушима Даичи беше уништена во страшно цунами во 2011.

За деконтаминација и демонтажа на централа ќе бидат потребни децении, а најтешкиот дел – вадењето на растопеното гориво од оштетените реактори – уште не е почнат.

По дозволата од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Јапонија минатото лето почна постепено да испушта повеќе од 1,3 милиони кубни метри вода од објектот во Тихи Океан по обработката во системот АЛПС.

Јапонија уверува дека овој процес, кој треба да трае до 2050, е безбеден за морската средина и здравјето. Кина и Русија, меѓутоа, изразија сериозна загриженост и го прекинаа увозот на јапонските морски производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ