сабота, 27 јули 2024

Протече нова серија доверливи податоци: „САД не им веруваат ни на сојузниците“

Објавено на

часот

Сподели

Според Њујорк тајмс, Вашингтон не му верува никому, па ни на сопствените сојузници бидејќи најновите документи на Пентагон кои протекоа во јавноста покажуваат дека „не само што Американците имаат моќ на продирање во руските воени и безбедносни структури, туку ги шпионираат и самите Украинци, и, на пример, и Јужнокорејците“.

„Сега постојат сомнежи меѓу сојузничките сили во врска со капацитетите на Вашингтон да ги чува сопствените тајни“, пишува весникот и додава дека изгледа дека САД не ја шпионираат само Украина, туку и важните сојузници како Израел и Јужна Кореја.

Според американските функционери, американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило истрага за изворот на протекувањата на информациите во петокот. Еден висок американски функционер кажал за Њујорк тајмс дека протекувањето претставува „голем пробив во разузнавачките податоци“. Документите кои протекле изгледаат како легитимни разузнавачки податоци, но најмалку еден од документите е изменет во однос на оригиналот, кажале функционерите.

Претходно денес Њујорк тајмс објави, повикувајќи се на функционери запознаени со ова прашање, дека протекла нова серија доверливи документи за Украина, Кина и Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ