Ова е нивната реакција на изјавата на премиерот на Србија дека е извесно дека ќе има настава во второто полугодие во училиштата, а дека наставниците кои не сакаат да предаваат повеќе нема да работат во образованието, додека учениците кои не доаѓаат на часови ќе добијат неоправдани изостаноци.
Членката на Унијата на просветни работници на Србија Мирјана Гашиќ оцени дека изјавата на премиерот е во духот на „неговиот карактер и гнев, и надменоста која ја покажува во секое обраќање“, оцени таа.
„Сметаме дека во секое свое обраќање, понижувајќи го најобразованиот дел од општеството и обидувајќи се со реторика која не припаѓа на образованиот свет, особено не во 21 век, тој се обидува да ја демонстрира својата сила, и секој пат дополнително го разгорува гневот на просветните работници“, оцени таа.
Репрезентативните просветни синдикати се од 4 ноември во циркуларен штрајк барајќи платата на просветните работници да се изедначи со републичката просечна плата.
Второто полугодие во Србија треба да почне на 20 јануари.