недела, 19 мај 2024

Прослава пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Синоќа раководството на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со голем број членови и симпатизери, пред штабот на партијата во Скопје ги прослави резултатите од првиот круг на претседателските избори. Христијан Мицкоски, лидерот на партијата, по завршувањето на синоќешната конференција за медиуми заедно со присутните ја прославуваше победата на Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг од претседателските избори.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Многубројните поддржувачи ги дочекаа со песни и со извици „Христијан, Христијан“ и го скандираа името на партијата.

Сиљановска Давкова освои најмногу гласови на вчерашните претседателски избори. По обработени 99,03% од гласачките ливчиња, според првичните резултати на Државната изборна комисија кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 362.682 (или 40,08% од излезените гласачи), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 гласа (19,93%).

 

Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ