четврток, 9 јануари 2025

Проширување на вештачката интелигенција: Инвестирање во Нвидиа сигурна добивка

Во последно време вештачката интелигенција сè повеќе напредува и постигнува значајни резултати со нови иновации. Наративот за достигнувањата на вештачката интелигенција секојдневно е присутен во јавноста, многумина се прашуваат до каде ќе оди светот кога станува збор за новите достигнувања. Во таа насока, Нвидиа, една од мултинационалните компании чие поле на делување е токму вештачката интелигенција, во последно време бележи исклучителни резултати, нејзините акции на берзата постојано се во пораст.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нвидиа е основана во 1993 година, уште тогаш стана лидер и клучен играч во развојот на најновите технологии за вештачка интелигенција, графика и игри. Графичките единици на Нвидиа се широко користени за задачи со вештачка интелигенција бидејќи се способни да обработуваат големи количини на податоци, што ја прави Нвидиа клучна во истражувањето на вештачката интелигенција.

Со постојаното унапредување на вештачката интелигенција, акциите на оваа компанија постојано се во подем и затоа претставуваат една од најбезбедните инвестиции во наредниот период.

Со своите врвни платформи за вештачка интелигенција, Нвидиа е на чело на истражувањето за вештачка интелигенција и забрзување на примената на машинското учење, а како што Нвидиа продолжува да иновира, нејзиното влијание на светските пазари расте.

Инвестициите на Нвидиа во вештачката интелигенција обезбедуваат компанијата да остане клучен играч во обликувањето на иднината на технологијата. Технологијата за вештачка интелигенција станува се повеќе и повеќе вградена во секојдневниот живот, улогата на Нвидиа во оваа трансформација се очекува експоненцијално да расте.

Со проширувањето на портфолиото на компанијата, вклучувајќи решенија за автомобилскиот сектор и центрите за податоци, Нвидиа е подготвена да освои поголем дел од растечкиот пазар на вештачка интелигенција, што ја прави атрактивна опција за инвеститорите кои бараат долгорочни можности за раст. Во 2020 година, цените на акциите на Нвидиа се движеа од околу 5 долари на почетокот до 13 долари на крајот на годината. Сега вредноста на акциите на оваа компанија е околу 138 американски долари.

Нвидиа забележа пораст во последните две недели, со помали осцилации во одредени денови. Сепак, она што многу аналитичари веруваат е дека оваа компанија во текот на целата 2025 година ќе бележи раст. Во последната година акциите на оваа компанија се зголемија од 47 долари на 138 долари, и во таа насока акциите на оваа компанија претставуваат една од најбезбедните инвестиции за учесниците на берзата.

Вештачката интелигенција (ВИ) се развива брзо, носејќи иновации кои го менуваат светот каков што го знаеме, ако барате сигурна инвестиција во технологијата што ја поттикнува оваа револуција, Нвидиа е компанија што можеби не треба да ја игнорирате.

Земајќи ги предвид најновите податоци, предвидувањата на пазарните аналитичари, како и развојот на вештачката интелигенција, со голема сигурност може да се каже дека акциите на оваа компанија се можеби најсигурната инвестиција оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ