сабота, 27 јули 2024
Министерот за надворешни работи учествува на Дубровник форум 2023

Проширувањето на ЕУ е безбедносно прашање, му рекол Османи на Ескобар

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Османи го информирал високиот американски претставник за Планот од 9 точки за деескалација на тензиите меѓу Србија и Косово, кој го иницираше во својство на Претседавач со ОБСЕ.

Воедно, беше разговарано и за потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на Македонија и земјите од регионот како споделена стратешка цел.

„Процесот на проширување на Европската унија претставува безбедносно прашање, и оттука забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан е од клучно значење за зачувување на стабилноста во нашиот регион, но и Европа како целина. Високо ја цениме континуираната поддршка од САД во таа насока, што е споделен стратешки интерес, но и гаранција за ограничување на влијанието од трети страни“, истакнал Османи.

На средбата станало збор и за развојот на билатералните односи во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за целокупната поддршка за зајакнување на демократските институции, напредок во владеењето на правото и борбата против корупција.

Воедно, како што потенцираат од МНР, на средбата беше поздравено сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, при што беше истакната поддршката за Украина и заедничките заложби за одбрана на современите демократски принципи и вредности, како и силна осуда за руската воена инвазија.

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан е двонасочен процес, кој е во интерес на самиот регион, но не помалку Европската унија и нејзините земји-членки. Во недостиг на јасна слика за таквите придобивки, сме завршиле во криза на недоверба и потребно е што поскоро идентификување на интересот кај двете страни, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи во неговото обраќање на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”, во рамки на Дубровник форум, соопштија денеска од МНР.

Решението, нагласил Османи, лежи во двостраната посветеност – на ЕУ, дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан претставува кредибилен процес, но и на земјите од Западен Балкан, дека нема да притискаат за членство пред да бидат подготвени за тоа.

Во тој процес, дополнително може да помогне забрзаната интеграција, наречена „Повеќе интеграција, пред членство“, која, како што се вели во соопштението, подразбира постепена интеграција на земјите кандидати, преку пристап до фондовите на ЕУ и придобивки од интегративниот процес пред самото членство, која станува формалност на самиот крај.

Османи во обраќањето се осврнал на уставните промени во Република Северна Македонија, за кои, како што нагласил, претставуваат сериозен предизвик.

„Но, се надевам, дека, постоењето на политичка Влада во Бугарија, меѓународната поддршка за процесот и нашата подготвеност да разговараме со новата бугарска Влада, може да значат точка на неповратност во однос на нашиот ЕУ-интегративен процес“, заклучил Османи“, се додава во соопштението од МНР.

На маргини на Дубровник форум 2023, Османи оствари средба и со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Ренауд- Басо, додека посебни средби ќе реализира и со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ