„Над обвинетите може да се примени најстрогата казна – смртната, земјаќи го предвид военото право“, кажа портпаролот денес, а пренесува агенцијата Интерфакс. Случајот веќе им е предаден на судиите, додаде. Москва им се закани на странските борци со најстроги казни во случај на заробеништво. Нема да бидат сметани за војници, предупреди претходно портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.
Во Русија нема смртна казна, но таа е овозможена во проруските региони на истокот на Украина.
Таму се планираат и судењата на украинските борци од челичарницата Азовстал во Мариупол. Многумина од нив му припаѓаа на ултрадесничарскиот Азовски баталјон кој Русите го сметаат за неонацистички.