сабота, 27 јули 2024

Проодни патиштата кон Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Од оваа служба потврдуваат дека сите регионални и магистрални патишта во битолскиот дел на Пелагонија се чисти, додека отежнато се одвива сообраќајот кон мариовските села Маково, Рапеш и Старавина на територијата на општината Новаци.

Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“-Битола во текот на денешниот ден со своите екипи ќе продолжи да ги чисти улиците во битолските села, како и со проширување на сообраќајниците во градот бидејќи високата снежна покривка изврши стеснување на коловозите.
„Во тек е чистењето на улиците во битолските села Буково, Дихово, Лавци, Братиндол и Ореово, а утре ќе извршиме целосно чистење и отстранување на снегот на Широк сокак. Попладне на сите сообраќајници ќе фрламе сол и ризла бидејќи очекуваме пад на температурата и појава на голомразица“, истакна Венцо Шишкин, технички директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

Од општината Битола потсетуваат на обврските што ги имаат правните и физичките лица за чистење на снегот пред своите деловни објекти, тротоарите и станбените комплекси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ