сабота, 27 јули 2024

Пронашле граната, ја кренале и ја однеле во полиција!

Во полициската станица во Берово, како што јави Центарот за управување со кризи – ЦУК, вчера било донесен „неексплодирано убојно средство“. Потоа ја презел пиротехничар. ЦУК алармира дека експлозивни средства не се допираат ниту носат со себе, туку се пријавува на бројот 112.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на ЦУК се вели дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово е донесено неексплодирано убојно средство, кое потоа било преземено од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување од градот.  Се претпоставува дека потекнува од Првата светска војна.

„Ваквата постапка навидум изгледа правилна, но е несоодветна, односно опасна по личната и општа безбедност.  Граѓаните  треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства граѓаните да не ги допираат и поместуваат туку да се јават на телефонскиот број 112 во ЦУК, а потоа веднаш ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци  – пиротехничари. Така е најбезбедно“, се вели во соопштението на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ