“Во 19:05 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кадата во бањата во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство“, појаснуваат од СВР – Велес.
Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.