вторник, 7 јануари 2025

Пронајдено тело на 77-годишник кај Штип

Вчера во полициската станица Велес У.К. (54) од село Горно Оризари, Велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, претходниот ден во 22 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш. В.С. и У.К. со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот, но не успеале да го пронајдат. Во СВР Штип друго лице, Т.М., пријавил дека во кругот на ТИРЗ – Штип, на коловозот има починато лице. Увидна екипа констатирала дека се работи за лицето М.Г. По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ