Од Центарот за управување со кризи информираат дека во спасувањето учествувале и од специјалната единица Тигри на МВР и полицискиот хеликоптер. Во дводневната потрага учествувале и полицајци и дел од локалното население, а беа употребени и дронови.
Во потрагата учествуваа и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски кој информира дека Муратов последен пат бил виден во петокот вечерта околу 20.30 часот, во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.