среда, 11 декември 2024

Пронајдени повеќе од 250 тела на музичкиот фестивал нападнат од Хамас (ВИДЕО)

Портпаролот на ЗАКА, волонтерска група која се бави со собирање на човечки тела по терористички напади и други катастрофи, рече дека досега се извлечени повеќе од 250 тела од местото на музичкиот фестивал нападнат од Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Вооружени лица на Хамас пукаа на посетителите кои бегаа, а земаа некои и како заложници од фестивалот во рурална земјоделска област во близина на границата Газа-Израел.

Претставник на израелската служба за итни случаи изјави за израелскиот „Кан њуз“ дека на фестивалот имало околу 3.000 луѓе, пренесе Би-би-си.

Гардијан на својата веб-страница ја објави снимката од израелски дрон на која се гледаат последиците од нападот на музичкиот фестивал, голем број целосно изгорени возила на посетителите.

Многу родители на млади луѓе кои присуствувале на концертот очајно бараат вести за нивните исчезнати деца.

На социјалните мрежи е објавено видео од фестивалот на границата на Израел и Газа во моментот кога започна нападот на Хамас.

Фестивалот беше само едно од местата кои вчераутро беа погодени од најмоќниот и најкоординиран напад што некогаш бил извршен од Хамас на израелска територија.

Фестивалот на отворено требало да биде танцова забава што трае цела ноќ, а се одржува истиот ден на еврејскиот празник Сукот.

Утрото околу 6:30 часот се слушнале сирени и ракети, изјави Тал Гибли, една посетителка. Триесет минути подоцна, таа и стотици други присутни на фестивалот бегале додека милитантите од Газа пукале на нив. „Немавме ни каде да се сокриеме бидејќи бевме на отворено. Сите во паника почнаа да си ги земаат работите“, се сеќава таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ