Вооружени лица на Хамас пукаа на посетителите кои бегаа, а земаа некои и како заложници од фестивалот во рурална земјоделска област во близина на границата Газа-Израел.
Претставник на израелската служба за итни случаи изјави за израелскиот „Кан њуз“ дека на фестивалот имало околу 3.000 луѓе, пренесе Би-би-си.
Гардијан на својата веб-страница ја објави снимката од израелски дрон на која се гледаат последиците од нападот на музичкиот фестивал, голем број целосно изгорени возила на посетителите.
Многу родители на млади луѓе кои присуствувале на концертот очајно бараат вести за нивните исчезнати деца.
На социјалните мрежи е објавено видео од фестивалот на границата на Израел и Газа во моментот кога започна нападот на Хамас.
Footage from the music festival that took place on the Israel-Gaza border before the Hamas attack
The fate of many of the participants remains unknown. They may have been killed or kidnapped. pic.twitter.com/YoZswCEj43
— NEXTA (@nexta_tv) October 8, 2023
Фестивалот беше само едно од местата кои вчераутро беа погодени од најмоќниот и најкоординиран напад што некогаш бил извршен од Хамас на израелска територија.
Фестивалот на отворено требало да биде танцова забава што трае цела ноќ, а се одржува истиот ден на еврејскиот празник Сукот.
Утрото околу 6:30 часот се слушнале сирени и ракети, изјави Тал Гибли, една посетителка. Триесет минути подоцна, таа и стотици други присутни на фестивалот бегале додека милитантите од Газа пукале на нив. „Немавме ни каде да се сокриеме бидејќи бевме на отворено. Сите во паника почнаа да си ги земаат работите“, се сеќава таа.