Во струмичкиот Центар за управување со кризи било пријавено во 16.50 часот дека двајца велосипедисти се загубиле во планината Белаџица, над селото Банско.
„Веднаш била пратена патрола од гранична полиција која стапила во контакт со двајцата велосипедисти, и околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција. На безбедно и пред да настапи ноќта“, соопштија од ЦУК.