сабота, 27 јули 2024

Пронајдена мртва жена во стан во Аеродром

Шеесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во семејниот дом на подрачјето на Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, случајот вчера во 17.12 часот бил пријавен во СВР Скопје. Се работи за Ј.Ц.(61) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ