четврток, 26 декември 2024

Пронајдена дрога при претреси во Гостивар и Гази Баба

Припадници на единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот на М.С. (19) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба. При претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

 

Објавено на

часот

Сподели

Рано утрово при претрес во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З. (20), вработениот А.С. (20) и Р.Д. (20), тројцата од Гостивар. При претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ