петок, 18 октомври 2024

Пронајдена дрога при претрес во Гевгелија

СВР Струмица вчера го приведе С.В. (28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користел, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, С.В. бил задржан во полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ