петок, 24 јануари 2025

Пронајдена дрога и приведен дилер во Ресен

Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.

„При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ