сабота, 27 јули 2024

Промовирана книгата на Билјана Ванковска – „Македонија е сѐ што немаме“

Објавено на

часот

Сподели

Книгата ја промовираа професорките Гордана Силјановска-Давкова и Виолета Ачковска и амбасадорот Ристо Никовски. 
Промоторите беа едногласни во оценката дека оваа збирка есеи даваат прецизна слика за можеби најтешкиот период на македонската историја, период кога се направени непростиви историски грешки со Охридскиот рамковен договор, со Преспанскиот договор… период кога сме сведоци на едно срамно самоуништување. Но, вината е само наша, се согласија промоторите.
Според нив, оваа книга дава извонредна слика за трагедијата на македонскиот народ, за настаните кои нѐ доведоа до ова дереџе.
Тие се надеваат дека македонскиот народ од сето ова што се случува ја научил болната осториска лекција и дека доаѓа времето на нова македонска пролет, на нов АСНОМ.
Авторката за своите колумни рече дека се еден вид на крик, знак на очај на некој што трпеливо работел соочен со сопствената немоќ и се надева дека нејзината наредна книга ќе биде со многу повесел наслов.  
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ