сабота, 27 јули 2024

Промовирана апликацијата „Мое здравје“

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска изјави дека апликацијата ветува подобрување во здравството, односно овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните и особено нагласи дека посебно внимание е посветено на безбедноста на податоците.

Апликацијата вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и многу повеќе информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги. Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен.

На ваков начин, секој граѓанин ќе има можност за директен увид во податоците поврзани со личното здравје.

Апликацијата „Мое здравје“ е изработена за потребите на Министерството за здравство од компаниите Кликер (дизајнирање на апликацијата) и Сорсикс (изработка на апликацијата). 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ