сабота, 27 јули 2024

Промоција на романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче

Објавено на

часот

Сподели

На промоцијата за најновото прозно дело на Миневски ќе зборуваат Јордан Плевнеш, д-р Марина Мијаковска и Бранко Ставрев, извадоци ќе чита актерот Владо Јовановски, а музичкиот дел е резервиран за Драган Даутовски и Драган Мијалковски.   

Големата љубовна одисеја на Гоце  и Јанка почнала кога таа имала 22, а тој 28 години. Траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, да се венча со Јанка, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства е едно од  прашањата што ги поставува романот.

Книгоиздателството „Матица Македонска“ посочува дека во романот за првпат се објавуваат автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ