сабота, 27 јули 2024

Промоција на романот „Чиј беше Јон“ на Рефет Абази во Софија

Објавено на

часот

Сподели

„Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси“, се вели во соопштението од КИЦ на Македонија во Софија. 

На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања – гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко…

Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово во 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното, ја играше главната улога во „The Forgiveness of Blood“, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година.

Автор е на два романи, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои во моментов играат на театарските сцени во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ