петок, 18 октомври 2024
Струшки вечери на поезијата

Промоција на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“

Објавено на

часот

Сподели

Во антологијата се застапени 42 автора родени од 1991 година па наваму, а книгата е поделена на три циклуса: „Време е кога бараат од нас / да зборуваме за сечија друга болка / освен за својата“, „те бодам в грло / да исцедиш песна“ и „Во левиот џеб од капутот ја носам / мечтата кон едноставното“.

„И еве, еве, во оваа 2023 година, кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, таа антологија, и тоа на поетското творештво на авторите родени од 1991 година наваму – се случи. Се чини дека и мораше да се случи токму во оваа година во чест на Шопов, затоа што, од една страна, не само потребно, ами се чини и нужно е веќе во македонската културна стварност да се валоризира и критички да се согледа и опсервира она што е нова вредност на македонската современа поезија остварена од нови поетски гласови. Ама, од друга страна, и заради достојното чествување на делото на Шопов, кој важи за еден од најголемите поддржувачи на младите автори во периодот на педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век – и како поет, и како културен деец воопшто, вклучително и преку издаваштвото и преку уредништвото во периодиката. (…) Па така, следејќи ги и пораките и пристапот на Шопов, се пристапи кон подготовката на оваа антологија“, ќе истакнат во предговорот Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ